Скопје 05. ноември 2018. / 16:20

Почнаа воените вежби меѓу САД и Јужна Кореја

Почнаа воените вежби меѓу САД и Јужна Кореја

Околу 500 американски и јужнокорејски маринци ја почнаа својата помала воена вежба, непосредно пред почетокот на новите разговори помеѓу американскиот државен секретар, Мајк Помпео, и севернокорејските официјални лица за денуклеарија на Јужна Кореја и новиот самит на претседателот Доналд Трамп и Ким Јонг-ун.

Иако воените вежби меѓу САД и Јужна Кореја беа прекинати по првиот самит на Трамп и Ким Јонг-ун, вежбите со мали размери продолжија, соопшти Министерството за одбрана на Јужна Кореја.

Од јужнокорејското министерство исто така соопштија и дека вежбите се одржуваат во близина на Поханг, град во јужниот дел на земјата.