Скопје 17. април 2020. / 16:15

Почна финалното асфалтирање на Пластичарска улица

Почна финалното асфалтирање на Пластичарска улица

Град Скопје соопшти дека денеска започна финалното асфалитрање на булеварот „Никола Карев“ односно познатата Пластичарска улица.

Изминатиов период интензивно, со засилено темпо и ноќно работење се реконструираше и прошири овој булевар којшто е еден од најважните сообраќајници во Скопје бидејќи поврзува четири општини – Гази Баба, Чаир, Центар и Карпош. Затоа, оваа реконструкција е посебно значајна и од особен интерес за граѓаните кои во голем број секојдневно се движат и поминуваат во овој фреквентен дел од градот.

Штом се заврши со асфалтирањето на коловозот, булеварот ќе биде обележан со хоризонталната сообраќајна сигнализација и ќе биде пуштен во употреба. Паралено со тоа, се работат тротоарите, велосипедските и пешачки патеки, посочуваат од Град Скопје.

Како што претходно беше најавено од градоначалникот Петре Шилегов, завршувањето на оваа делница е според предвидениот план. Градежни работи во оваа фаза се изведуваа на потегот од клучката кај Бит-пазар до влезот во касарната „Илинден“, на вкупна должина од 1.440 метри. Во целосната реконструкција беа офратени и подземните инсталации.

Овој месец, главниот град ќе добие современа и реконструирана сообраќајница со четири сообраќајни ленти, велосипедска и пешачка патека и средишно зеленило онаму каде што тоа го дозволува просторот, се наведува во соопштението од Град Скопје.