Скопје 05. февруари 2020. / 10:05

По вчерашното невреме екипите работат на расчистување во општините

По вчерашното невреме екипите  работат на расчистување во општините

По вчерашниот засилен ветер проследен со врнежи на дожд што го зафатија Скопје, екипи на ЈП Водовод и канализација од раните утрински часови работат на расчистување и непречено функционирање на атмосферската канализациска мрежа.

Се расчистуваат и се проверува функционалноста на сливниците и шахтите во сите општини на територија на град Скопје, информираат од ЈП Водовод и канализација.