Скопје 17. јуни 2020. / 16:15

По новите 140 позитивни, бројката на заразени во Скопје надмина 2.000

По новите 140 позитивни, бројката на заразени во Скопје надмина 2.000

По огромните 140 нови случаи на позитивни на корона вирус, Скопје ја надмина бројката од 2.000 заразени од почетокот на епидемијата. Вкупната бројка на заразени во главниот град се искачи на 2.135 лица.

Истовремено, во последното деноноќие тројца скопјани ја загубија битката со болеста.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа два пациента на возраст од 78 и 47 години, хоспитализирани на 4 односно 7 јуни, како и пациентка на 85 години, хоспитализирана на 9 јуни.

Освен 140 нови случаи во Скопје, најновите податоци покажуваат и 19 нови случаи во Тетово, 11 во Охрид, во Штип 6, Струга 5, Гостивар 4, Куманово 2, Велес 2, Ресен 2, Дебар 1 и Свети Николе 1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 4.482 бројката на починати е 210, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.469.