Скопје 11. април 2020. / 13:17

По барање на Коце Трајановски кинескиот град Нанчанг ни испрати 50.000 заштитни маски

По барање на Коце Трајановски кинескиот град Нанчанг ни испрати 50.000 заштитни маски

Поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски, јавно се заблагодари на градоначалникот на збратимениот кинески град Нанчанг за брзата реакција на неговото барање и за донацијата од 50.000 заштитни маски.

-Во овие тешки моменти оваа донација е многу значајна за жителите на Скопје. Пријателите се препознаваат во вакви моменти. Се надевам дека амбасадата на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА во НР КИНА ќе стори се донацијата брзо да дојде во Скопје со што ќе допринесе за намалување на последиците од корона вирусот, порача Трајановски.