Скопје 24. ноември 2020. / 10:06

Пет општини во Скопје со над 1.000 активни случаи

Пет општини во Скопје со над 1.000 активни случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1176 тестирања, а регистрирани се 387 нови случаи на ковид-19.

За истиот период во Скопје се регистрирани 174 случаи на коронавирус.

Од почетокот на пандемијата досега има 24.109 случаи на коронавирус, додека пак бројот на активни изнесува 9.837.

Активни случаи по општини Скопје денеска:

Гази Баба – 1.474
Аеродром -1.407
Кисела Вода – 1.196
Карпош – 1.188
Центар – 1.180
Ѓорче Петров – 823
Чаир – 610
Бутел – 552
Илинден – 244
Шуто Оризари – 184
Сарај – 151
Петровец –126
Чучер Сандево – 103
Зелениково -73
Сопиште – 66
Студеничани – 52
Арачиново -32
Нераспределени има 203, додека пак странци се 173.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 55.127, бројката на оздравени пациенти е 32.894, на починати е 1.546, а бројот на активни случаи изнесува 20.687.