Според новиот ценовник кој треба да биде одобрен на седницата на Советот на Град Скопје која ќе се одржи во среда, нови цени се предлагаат за зонските паркиралишта и на отворените со рампа, како и за месечните карти за вработени во катните гаражи, пренесе СДК.МК. Паркирањето ќе поскапе за 5 денари.
Еден час паркирање во зона А наместо 45 ќе биде 50 денари, во зона Б наместо 35 ќе биде 40 денари, додека во зоните Ц и Д каде досега еден час чинеше 25, сега ќе биде 30 денари.
Нова цена ќе има и за месечните паркинг карти во катните гаражи за вработени и фирми кои гравитираат околу паркингот. Наместо 1.о00 цената се предлага цената да биде 2.000 денари.
-Причина за зголемување на цената за паркирање е поради зголемените трошоци за одржување на јавните паркинзи и катните гаражи со кои стопанисува претпријатието. Зголемени се трошоците за вода, струја, одржување на лифтовите и опремата инсталирана на паркиралиштата, се вели во образложението на ЈП „Градски паркинг“.