Скопје 08. March 2019. / 12:19

Пајакот во еден ден „собрал“ 80 возила во Скопје

Пајакот во еден ден „собрал“ 80 возила во Скопје

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Скопје се случиле вкупно 10 сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди, пет сообраќајни незгоди со телесни повреди и три со материјална штета. Во сообраќајните незгоди две лица се здобиле со тешки телесни повреди и шест лица се здобиле со телесни повреди.

Од преземените мерки и активности констатирано е дека 34 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 25 возачи од кои: шест возачи затоа што управувале возило под дејство на алкохол, 17 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување моторно возило и двајца возачи затоа што биле возачи почетници.

Исто така, исклучени од сообраќај се и 15 возила бидејќи 14 биле нерегистрирани и едно возило поради претовар. Санкционирани се шест возачи поради поминување крстосница на црвено светло, пет возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, шест поради неправилно престигнување, седум возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување моторно возило и 20 возачи поради користење мобилен телефон при управување возило.

Во однос на пешаците санкционирани се тројца пешаци поради поминување коловоз надвор од пешачки премин и еден пешак поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 104 мандатни платни налози и 80 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.