За една седмица во Општина Ценатар 153 граѓани добиле казна за непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Како што соопштија од ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, во соработка со Сообраќајната полиција, „пајакот“ подигнал 81 непрописно паркирано возило, а на 72 возила е поставено механичко средство „блокатор“. Овие возила биле во резидентни зони и не биле сопственост на резиденти на секторот во којшто биле паркирани.
Од ПОЦ апелираат до граѓаните да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за безбедно однесување во сообраќајот со цел да се зачува безбедноста на останатите учесници во сообраќајот и реши проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.