Скопје 08. октомври 2020. / 17:15

Пајакот работи турбо: За една недела отстранети 305 возила

Пајакот работи турбо: За една недела отстранети 305 возила

Во текот на минатата недела отстранети се вкупно 305 возила со специјални возила пајак, од јавните површини.

Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 21 се отстранети од зонски паркиралишта, а останатите 284 по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Од Град Скопје соопштуваат дека во истиот период санкционирани се вкупно 277 возила, поради нерегуларно паркирање, односно неплатена паркинг-услуга. Од нив, пајак службата отстрани 21 возило, поради пречекорување на дозволеното време на заджување на паркиралиштето.

Град Скопје и ЈП „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта, да го регулираат плаќањето на паркинг услугата за да не бидат санкционирани. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.