Падната бандера го блокира сообраќајот на улица Бутелска во Бутел 1, објави Макфакс.
Жиците од бандерата се паднати ниско и тоа ги спречува автомобилите и автобусите да се движат по улицата, кон Радишани. Засега не е познато како се случил инцидентот.