Скопје 16. септември 2020. / 18:45

Отстранете ги хаварисаните возила или ќе бидат тргнати од надлежните служби, апелира општина Аеродром

Отстранете ги хаварисаните возила или ќе бидат тргнати од надлежните служби, апелира општина Аеродром

Општина Аеродром апелира до сопствениците на хаварисани и нерегистрирани возила да ги отстранат од јавните површини во најкраток можен рок.

Во спротивно, како што информираа од општината, сите овие возила кои се паркирани на плочници и тревници ќе бидат отстранети од надлежните служби.

Паркирањето на вакви возила на јавни површини е забрането и тие покрај тоа што ја нагрдуваат сликата за општината, претставуваат   опасност за граѓаните и за животната средина, велат од Општина Аеродром.