Скопје 12. January 2019. / 18:08

Oтсечени села во скопско: Со хеликоптер им се доставени прехранбени и материјални средства

Oтсечени села во скопско: Со хеликоптер им се доставени прехранбени и материјални средства

Центарот за управување со кризи информира дека на барање на месното население од селата Танушевци, Брест и Малино маало, денес хеликоптер на АРМ достави потребни прехранбени и материјални средства на месното население во селата Танушевци, Брест и Малино маало.

Во активноста учествуваа припадници од АРМ и припадници на „Црвен Крст“.

Беше превезен товар од 1000 килограми во населените места Малино мало и Брест. Поради лошите временски услови (магла) во с. Танушевци не се однесени прехранбени и материјални средства на месното население.