Скопје 25. јули 2018. / 13:51

Општина Аеродром спроведе акција за кастрирање и стерилизирање бездомни кучиња

Општина Аеродром спроведе акција за кастрирање и стерилизирање бездомни кучиња

Вчера во Општина Аеродром беше организирана акција за третирање на бездомните кучиња, во соработка со жители на Аеродром, љубители на животни кои доброволно излегоа на терен заедно со службите на стационарот „Вардариште“.

Општината соопшти дека акцијата се одвивала кај поштата во Ново Лисиче и опфатила хумано заловување на бездомните кучиња кои немаат маркици и никогаш не биле стерилизирани и кастрирани. Општина Аеродром најави дека акцијата ќе продолжува и на локации каде што се пријавени глутници на кучиња.

 

 

„При акцијата кучињата беа грижливо и внимателно сместени во кафези и однесени на кастрација.стерилизација, во присуство на ветеринар“, велат од Oпштина Аеродром.

Целта на акцијата е да се зголеми безбедноста на сите жители на општината.