Општина Аеродром преку соопштение ја демантира информацијата дека ќе се гради џамија во Горно Лисиче.
„Општина Аеродром ja известува јавноста дека се неточни информациите што деновиве се шират по порталите и социјалните мрежи за наводна изградба на џамија во Горно Лисиче.
Не само што не се гради џамија или некој друг верски објект, туку нема ни предвидено изградба на нови верски објекти во деталните урбанистички планови за целата територија на Општина Аеродром.“, се наведува во соопштението на општината.
Оттаму уверуваат дека инспекциските служби се константно на терен и спречуваат диви градби на нејзина територија на општината