Скопје 18. април 2019. / 15:57

Околу скопскиот Аквадукт купишта ѓубре расфрлани на сите страни

Околу скопскиот Аквадукт купишта ѓубре расфрлани на сите страни

На ова место се палат и огнови, неколку пати до сега интервенираше и противпожарната служба. Канал 5 од Управата за заштита на културното наследство не доби дозвола за снимање на Аквадуктот, пренесува Канал 5.

Молк и од конзерваторскиот центар никој не се најде повикан да каже во каква состојба се наоѓаат објектите што претставуваат културно наследство на државата .Последен пат Аквадуктот го посети поранешниот Министер за култура Роберт Алаѓозовски , тогаш тој вети и реставрација на објектот , како еден од најзагрозените .

Од Министерство за култура не добивме одговор до каде е тој проект .Пожарот во Богородичната црква во Париз и милионските суми што ги доби државата за обновување на црквата, ја отвори дилемата што се случува со нашите споменици кои претставуваат културно наследство. И нашата влада понуди помош на Франција за опожарената црква.

Додека ние чекаме да бидеме изненадени, нашите објекти скапуваат ги јаде забот на времето.

На листата заштитени објекти се и цркви, куќи, дуќани, џамии, тврдини и кули, како и други објекти., некои од нив се во добра состојба но некои како Аквадуктот и црквата во Курбиново се најзагрозени.

Под надлежност на државата се археолошките наоѓалишта , тврдините спомениците, а џамиите и црквите се под надлежност на верските заедници.