Само што започна новата учебна година за учениците во ОУ „Гоце Делчев“ во центарот на Скопје е прекината истиот ден и одложена на неодредено време. Причина за одложување на наставата е реновирање на училиштето за кое не е познато до кога ќе трае, пренесе МКД.МК.
Според член 38 став 6 од Законот за основно образование „Воспитно-образовната работа не смее да се прекинува во текот на наставната година, освен за вонредни состојби (природни непогоди, епидемии и друго), за што решава основачот, а по претходна согласност со Министерството.“