Инспектори и комунални редари ќе ги казнуваат несовесните посетители на скопската зоолошка градина.
Во сабота и недела, службите на Инспекторатот на град Скопје ќе бидат на терен во Скопје Зоо. Секој несовесен посетител кој ги храни и вознемирува животните и фрла отпад во нивните живеалишта и на патеките ќе биде САНКЦИОНИРАН, информираат од Зоо Скопје.
Затоа пред викендот кој следува, да го повториме кодексот на однесување во Зоолошка градина Скопје:
-Строго забрането е хранење и допирање на животните. Тие имаат своја табличка на исхрана.
-Строго забрането е вознемирување на животните, фрлање отпадоци во нивните живеалишта, тропање по оградите и стаклата
-Не се прекачувајте преку огради и не влегувајте во зони каде што е забрането
-Вашите отпадоци фрлајте ви го корпите за отпадоци
-Децата треба да бидат под надзор на родител/старател
Благодарност до сите совесни посетители кои редовно се придржуваат до овој кодекс и имаат многу љубов за животните, велат од зоолошката.
ИНСПЕКТОРИ И КОМУНАЛНИ РЕДАРИ ЌЕ ГИ КАЗНУВААТ НЕСОВЕСНИТЕ ПОСЕТИТЕЛИ ВО СКОПЈЕ ЗОО
Во сабота и недела, службите на…Posted by Skopje ZOO / Зоолошка градина Скопје on Wednesday, February 24, 2021