Нуркачи од „Акватек“ од Охрид, спелеолошкото друштво „Врело“ од Скопје, „Тласа“ од Битола и риболовното друштво „Рибар 2011“, денеска извадија 50 фрлени автомобилски гуми од Вардар. Акцијата беше организирана од граѓанската организација „Не биди ѓубре“.
Гумите беа собрани од водите на Вардар во близина на мостот „Гоце Делчев“, и е дел од активностите со кои се одбележува Неделата на глобални климатски протести, што трае до 27 септември.
Од Граѓанската иницијатива ги повикуваат граѓаните да се вклучат во акцијата и посочуваат дека редовно спроведуваат ваков вид акции во насока на зголемување на еколошката култура во градот.