– На булеварот „Илинден“, на потегот од крстосницата со булеварот „8 Септември“ во насока на движење кон улица „МАНАПО“ во близина на трговскиот центар „Сити мол“, в недела ќе биде воведен привремен сообраќаен режим. Привремениот сообраќаен режим се воведува поради извршување градежни работи за изведување гасоводна мрежа.
На терен ќе работат екипи на Акционерското друштво ГА-МА-Скопје. – Апелираме сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни, да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, соопшти Град Скопје. Привремениот сообраќаен режим ќе важи до завршување на градежните работи за изведба на гасоводната мрежа на овој дел од булеварот „Илинден“.