Скопје 09. јануари 2020. / 10:25

Нови животни во скопската Зоолошка градина

Нови животни во скопската Зоолошка градина

Скопската зоолошка градина ќе биде збогатена со нови животни.

За првпат, Скопје ЗОО ќе биде дом на белоносести коати. Овие преслатки цицачи пристигнаа од Љубљана, а како вид потекнуваат од шумските предели на Централна и Јужна Америка. Коатите тежат до 4 килограми и со своите опашки многу потсетуваат на ракуните, стои на Фејсбук страницата на Зоолошката градина.