Новиот директор на Зоолошката градина во Скопје, Ѓорѓи Галетановски најавува доаѓање на нови слонови во Август оваа година.
Чест ми е што градоначалникот и градските власти ми ја доделија оваа функција. Зоолошката градина е лицето на градот, и јас како вршител на должноста директор ќе работам и ќе дадам се од себе да го подигнеме рејтингот на највисоко ниво за посетителите од целата држава да уживаат кога се овде. Најпрвин ќе работиме на хигиената. Сепак тоа е најважниот дел. Слоновите пристигаат во август, а шимпанзата и другите нови животни ќе ги обезбедиме во септември, изјави директорот Галетановски.
Во Зоолошката градина летово треба да стигнат слонови, поточно две слоници, од расата индиски слон, кои се стари триесетина години.