На кровот на Градскиот трговски центар се засадија првите дрвја, кои беа најавени од градоначалникот Петар Шилегов како дел од изградбата на „Зелен покрив на ГТЦ“, објави Скопјеинфо.
На зелениот покрив кој е финансиран од Град Скопје, најавено беше засадување на 29 висококвалитетни дрвја и повеќе од 30 видови садници на површина од 1.800 квадратни метри.
Исто така, ќе бидат поставени неколку водени зони во форма на фонтани и базени, монтажна бина, партерно шаховско поле, кафе-бар, како и модерна урбана опрема од клупи, корпи за отпадоци и паркинзи за велосипеди.