Тажна вест стигна од Зоолошката градина во Скопје. Угина жирафата Тобого.
Од ЗОО Скопје преку социјалната мрежа Фејсбук објавија дека е направена обдукција врз телото на жирафата, но дека целосните резултати ќе бидат подготвени за неколку денови.
Жирафата Тобого, заедно со Каспер и Флопи беше меѓу омилените жители на Зоолошката градина во Скопје.
„Со голема тага и болка ве известуваме дека вчера ненадејно не напушти нашиот Тобого
Денеска беше направена обдукција при што не беа констатирани физички повреди и во наредните денови ги очекуваме целосните резултати.
Жирафата Тобого заедно со Каспер и Флопи беше меѓу омилените жители на скопската зоолошка. Тој беше миленик на вработените и на посетителите.
Роден е во Франкфурт на 09.12 2010 година, а жител на Скопје Зоо беше од 05.11 2013 година.
Сите сме неизмерно тажни и со скршени срца поради неговото заминување
Трчај во небесната савана Тобого, многу ќе ни недостасуваш на сите, но ќе останеш засекогаш запаметен
RIP 2010-2021“, се наведува во постот на Фејсбук.
Со голема тага и болка ве известуваме дека вчера ненадејно не напушти нашиот Тобого💔
Денеска беше направена обдукција…Posted by Skopje ZOO / Зоолошка градина Скопје on Thursday, January 14, 2021