Објектот „Мекиците од Стража“ во центарот на Скопје е затворен, поради издадено решение за рушење на терасата, јавува Е-Магазин.
Ова известување стои на вратата на објектот кој од „Мекиците од Стража“ подоцна беше преименуван во „Бистро Скопје“. Во „Мекиците од Стража“ во Скопје, можеа да се вкусат мекици по рецепт на оние кои се продаваат на превојот Стража. Подоцна овој објект продолжи да работи и како бистро кое нуди и забава во вечерните часови.