Во отсуство на реални проекти и исполнување на големите ветувања од 2017 година,преименување на улици претставува чист гол популизам кој е крајно понижувачки за голем број дејци, напиша Владимир Нелоски од ВМРО ДПМНЕ на социјалните мрежи.
Петре кога се сети да ги исполни изборните ветувања за преименување на улици на пр. “Борис Сарафов” го повикувам да се сети и на поврзувањето на Ѓорче со мост преку Илинденска кое го вети, или пак да се сети на железничкиот надвозник кој го вети на само 50ина метри од оваа улица кон населбата “Даме Груев”.
Понатаму како што се сети да ја врати “Ленинова” добро е да му текне дека вети и продолжување на булеварот “Климент Охридски” преку Вардар (која е паралелна со истава улица).
Или пак како што му е важно да стои на збор за враќањето на името на “Стив Наумов” (кој според неговите сопартијци бил администриран 1942) нека си остане на збор и нека ја направи ветената спуштена раскрсница кај Мавровка на само 30 метри од оваа улица!
Се додека Петре за секоја си шминка од “програмата” ревносно се бори а за капиталните ветувања има амнезија Скопје ќе биде запуштена престолнина на Заевистан!!
п.с. Предлагањето на имиња да носат скопските улици на странски “патриоти”, уште еднаш докажува дека се тресе нечие парламентарно мнозинство.
п.п.с Петре улицата на тунелот под кале нека ја именува “Зоран Заев”, како лажно предизборно ветување во име на најголемиот лажго.
Во отсуство на реални проекти и исполнување на големите ветувања од 2017 година,преименување на улици претставува чист…
Posted by Владимир Нелоски on Thursday, February 18, 2021