Скопје 19. февруари 2021. / 08:54

Неколку улици низ Скопје денеска со посебен сообраќаен режим

Неколку улици низ Скопје денеска со посебен сообраќаен режим

МВР најавува посебен режим на сообраќајот на крстосницата помеѓу бул.„Александар Македонски”, ул. „16-та Македонска бригада” и ул. „Интернационални бригади”.

Како што најавуваат од Министерството, ова следи по најавениот протест во временскиот период од 14 до 17 часот во текот на денешниот ден, како и во понеделник и вторник следната недела.

Протестот е организиран од страна на сопственици на ресторани за организирани настани, претставници на фото-студија и музички бендови.