Скопје 08. август 2018. / 14:02

Неколку скопски населби и села вo петок ќе останат без вода во текот на целата ноќ

Неколку скопски населби и села вo петок ќе останат без вода во текот на целата ноќ

ЈП „Водовод и Канализација“ соопшти дека поради реконструкција на водоводна линија ф700 која ќе се изведува кај новиот кружни тек меѓу улицата Христо Татарчев и булеварот Србија (последна 24-ка) в петок, без вода за пиење од 20 часот до завршување на работата ќе останат неколку делови од Скопје.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато во Аеродром и Ново Лисиче (висока зона – стамбените објекти над 5ти кат), Припор, Сопиште, Ракотинци и Добри Дол како и дел од Кисела Вода на ул. Христо Татарчев крак 1-11, крак 2, Сервисна Зона Југ, дел од бул. Борис Трајковски и дел од бул. Србија (од новиот кружен тек до бул. Борис Трајковски).

Нашата проекција, велат од Водовод, е дека работните активности би требало да завршат во период од 12 до 18 часа, што значи дека нормално водоснабдување на корисниците би им се овозможило во периодот од 08 до 14 часот, следниот ден.

Бидејки ќе се работи во текот на ноќта ЈП Водовод и канализација – Скопје за жителите од наведените населени места ќе обезбеди цистерни со питка вода. Исто така, уличните чешми во населбите Аеродром и Ново Лисиче непречено ќе функционираат.