Во Скопје во изминатиот ден се забележани 17 смртни случаи како последица на компликации предизвикани од корона вирусот.
Најмладиот починат пациент во изминатото деноноќие имал 31 година, соопшти Министерството за здравство.
Во овој период во главниот град се регистрирани 463 нови случаи на лица заболени со коронавирус, а во исто време, оздравеле 274 скопјани. Бројот на активни случаи во градот изнесува 10.382.
Во последните 24 часа во земјата починале 41 лице како последица од корона вирусот, а од направените 3127 тестирања регистрирани се 1022 нови случаи на ковид-19. Од починатите 41 лице, 17 пациенти од Скопје (82, 80, 69, 55, 55, 60, 69, 81, 64, 84, 78, 55, 80, 31, 98, 80 и 49г).