Од вкупно дијагностицираните нови 38 случаи на Ковид-19 во последното деноноќие 24 заразени се од Скопје.
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, од тие 24 заболени во Скопје, најмногу, односно седум се од Сарај, во Бутел има четири, во Аеродорм и Чаир по три, во Студеничани и во Шуто Оризари има по два, а по еден заразен има во Гази Баба, Кисела Вода и Карпош.