Скопје 30. април 2018. / 17:34

На втори мај оваа населба во Скопје ќе биде без вода

На втори мај оваа населба во Скопје ќе биде без вода

Корисниците од ул.„Костурски херои“ во општина Центар задутре (2 мај) ќе имаат прекинато водоснабдување од 8:30 часот до завршување на дефектот, информираа од ЈП Водовод и канализација.

Истиот ден корисниците од село Моране можно е да имаат прекин во водоснабдувањето од 9 часот до завршување на дефектот.

Прекинот во снабдувањето со вода е поради водоводен уличен дефект Ф 100мм на ул.„Костурски херои“ бр.6 и поради чистење и хлорирање на резервоар Моране (викенд населба).