Скопје 30. April 2019. / 21:46

На 2 мај пола Ѓорче без вода

На 2 мај пола Ѓорче без вода

На 2 мај поради реконструкција на водоводна мрежа ф-400 мм на улиците „Радушка“ и „Вера Циривири Трена“ во населбата Ѓорче Петров без вода ќе останат корисниците од улиците „Крсте Раковски“, „Атанас Иљоски“, „Вера Циривири Трена“, „Македонска преродба“, „Шидска“, „Јосиф Даскалов“, „Никола Вукмировиќ“, „Црногорска“, „Ѓурчин Кокале“, „Крушевска“, дел од „Борис Сарафов“, „Радушка“ и „Ангел Винички“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување на интервенцијата, соопшти ЈП „Водовод и канализација – Скопје“.