Скопје 30. јули 2020. / 10:54

Музичките ѕвезди во одбрана на Универзална: Не го чепкајте храмот во кој настапувале Реј Чарлс, Шарл Азнавур,Чик Кореа, Брајан Фери, Мик Тејлор…

Музичките ѕвезди во одбрана на Универзална: Не го чепкајте храмот во кој настапувале Реј Чарлс, Шарл Азнавур,Чик Кореа, Брајан Фери, Мик Тејлор…

Идејата за уривање на Универзална сала ја крена јавноста на нозе, се вознемири народот, кому му се приклучија и голем дел од актерите, музичките уметници, естрадните ѕвезди… па скопскиот градоначалник Петре Шилегов под притисок на јавноста, се уплаши и преку ноќ се премисли, па ретерираше во ставот за уривање на Универзална сала!

Од вчерашниот прес (среда, 29 јули 2020) наваму, паркот веќе никој не го споменува. Шилегов го премолчи, давајќи три нови предлози со можност за референдумско изјаснување што ќе биде со Универзална сала?

Обновена и реновирана на истото место, Новоизградена и дислоцирана на друга локација или двете заедно: И реновирање на постоечкиот објект и изградба на уште една, нова сала на друго место!

Реагираа и музички уметници и естрадни ѕвезди во Македонија, имиња кои не само што ја полнеле Универзална сала, туку луѓе кои знаат што значи да се има еден ваков епски храм на културата.

Македонската гитарска легенда и најзначајниот музички уметник во поп-рок-џез културата не само во Македонија туку и пиошироко, Влатко Стефановски, кусо се обрати  преку својот официјален Инстаграм профил со порака:

Не го чепкајте храмот во кој настапувале Реј Чарлс, Џими Смит, Мек Којтинер, Би Би Кинг, Херби Хенкок, Шарл Азнавур, Дејвид Брн, Фреди Хабард, Чик Кореа, Брајан Фери, Мик Тејлор, Давид Силвијан, Џон Меклафлин, Џое Завинул, Лери Карлтон, Корни Група, Тајм, Ју Група, Индекси, Леб и Сол, ВС трио, Кингс оф Стрингс, Скопје Џез Фестивал… и други бројни уметници од земјава и од странство. Реновирање да, друго нееееееее“, напиша Стефановски на Инстаграм.

Влатко Лозаноски смета дека треба да се превземат чекори за Универзална сала да се реновира или да се реобнови на истата локација.

Универзална е уметнички музеј, дел од македонската музичка концертна историја. Таму се спомените и почетоците на многу уметници, но и на конзументите на уметноста.
Се надевам дека ќе се има слух за да не се урива, туку  ќе пронајде соодветно решение и Универзална ќе го врати стариот сјај како порано“ – изјави популарниот Лозано за Вистина.мк

Македонската поп пејачка Ребека, која не само во својство на естраден уметник туку и како еден од основачите на здружението на граѓани за лица со дисфунцкии, хендикеп, ретки болести и посебни потреби ‘‘Дајте ни крилја‘‘  се огласи на социјалните мрежи потенцирајќи ја важноста и неопходноста од постоењето на Универзална сала. И тоа не само културен храм, туку и место каде хуманоста безброј пати се покажала на дело, а таа била сведок, протагонист и непосреден учесник и во двете: И во естрадно-уметничките перформанси и во хуманитарните настани и настапи.

Нема шанси да дозволиме!!! Универзална е поврзана со десетици најубави спомени од моето детство и музичката кариера….

Posted by Rebeka Jankovska Risteski on Tuesday, July 28, 2020