Скопје 07. февруари 2021. / 18:52

Мухамеди: Шилегов во Сарај е непожелна личност

Мухамеди: Шилегов во Сарај е непожелна личност

Ниту десет илјади гласови на жителите на Сарај, не беа доволни за Шилегов да преземе барем една мерка со цел да помогне на граѓаните на општината, пишува за „Лидер“ Умејр Мухамеди, студентски активист и граѓански активист на „Не биди ѓубре“.

Тој вели дека Граѓаните на Сарај се крајно разочарани од градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов.

–  И покрај тоа што Шилегов во Сарај доби рекордни 10.000 гласови на локалните избори во 2017 година, општината и проблемите со кои се соочуваат граѓаните се заборавени. Разликата на локалните избори беше огромна, со голема победа на Шилегов од 10.000 наспроти 300 гласови за Коце Трајановски, вели Мухамеди.

Сепак, додава Мухамеди, не смее да се заборави да се напомене, дека за време на неговиот претходник, Коце Трајановски, е дека се асфалтирало во Сарај и околните села, се граделе и тениски и фудбалски игралишта, а она што е најважно – немало толкав број на дивоградби.

-Постапките на Петре Шилегов се тенденционзни, а истите оставаат простор за сомнеж дека тој не инвестира во Сарај бидејќи општината е населена претежно од Албанци. Граѓаните на општината, постојано го изразуваат својот револт и гнев кон управувањето на актуелниот скопски градоначалник преку објави на социјалните мрежи, а се почесто се слушаат гласови дека во Сарај, гласови за Петре Шилегов повеќе нема да има, пишува Мухамеди, студентски активист и граѓански активист на „Не биди ѓубре“.