Скопје 15. март 2020. / 18:59

Мобилен тим на општина Бутел ќе врши достава на храна и лекови на возрасни и високоризични лица

Мобилен тим на општина Бутел ќе врши достава на храна и лекови на возрасни и високоризични лица

Општина Бутел во однос на мерките за заштита и превенција од КОВИД-19 формираше мобилен тим кои ќе врши достава на  лекови и намирници за возрасните и високоризичните категории на граѓани со хронични болести за  жители на територија на Општина Бутел.

Секој граѓанин  од наведените категории, кој има потреба од набавка на потребните лекарства, прехрамбени производи и средстава за хигиена,  со цел да не се изложи на дополнителна опасност од инфицирање со Covid-19 (коронавирус) ќе може да телефонира на следниот телефонски број : 075/249-314 од 08:30 до 16:30 часот, вклучително и викенди, наведуваат од општината.

Нивниот мобилен тим, ќе ги почитува сите мерки на претпазливост, и ќе допре до секој дом каде што е неопходна поддршка за обезбедување на основните намирници

“Ова е време во кое треба да бидеме одговорни и да останеме дома”, апелираат оттаму.