Скопје 26. февруари 2019. / 19:32

Мирис на топена пластика од синоќа ги задушува Визбегово и Шуто Оризари

Мирис на топена пластика од синоќа ги задушува Визбегово и Шуто Оризари

Остар мирис на топена пластика и чад од синоќа се шири во Визбегово и Шуто Оризари. Чадот доаѓа од дива депонија во близина на Центарот за азиланти, пишува Макфакс.

Тлее запалено ѓубре за кое општинарите велат дека се трупало со години оти просторот пред еден месец како претоварна станица го користело јавното претпријатие „Комунална хигиена“. По барање на Општината, го отстапиле просторот, но натрупаното ѓубре го оставиле, а синоќа некој го потпалил, па чад имаше и денес. Одговорните од Општина Шуто Оризари од утрово се на терен. Го собираат ѓубрето за кое велат дека ќе го однесат на депонијата „Дрисла“, а просторот ќе го уредат и ќе забранат фрлање отпад.