Скопје 14. февруари 2020. / 15:28

Министерството ќе набавува делови за поправка на мерниот инструмент за ПМ честички во Ѓорче Петров

Министерството ќе набавува делови за поправка на мерниот инструмент за ПМ честички во Ѓорче Петров

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека во тек е процедура за објавување тендер за набавка на делови со кои ќе се  поправи инструментот за симултано мерење на честичките ПМ 10 и ПМ 2.5 на мобилната мерна станица поставена во Ѓорче Петров.

Поради технички проблем мерниот инструмент не е во функција и е исклучен од  23 декември 2019 година.

Со набавка на резервните делови, инструментот ќе се сервисира и калибрира и потоа ќе биде вклучен во системот, а податоците од мерењата од овој инструмент ќе бидат јавно достапни на веб-страницата за квалитет на воздухот  http://air.moepp.gov.mk – соопштија од МТСП.  

Од министерството додаваат дека мобилната мерна станица во Ѓорче Петров сега ги мери загадувачките супстанции SO2, NO-NOx-NO2, CO и О3.