Скопје 28. ноември 2020. / 23:18

Мерните станици во Гази Баба и Лисиче покажуваат опасно загадување на воздухот

Мерните станици во Гази Баба и Лисиче покажуваат опасно загадување на воздухот

Вечерва повеќе општини во Скопје се гушат во смог и магла. Мерните станици регистрираат високи вредности на загадување во Лисиче, Карпош и Гази Баба.

Највисоките вредности на ПМ10 честичките се измерени во Гази Баба – 442 микрограми на метар кубен, а во Лисиче 410 микрограми на метар кубен.

Присуството на штетните ПМ 10 честички исто така се на високо ниво и во останатите градови во државата. Поради тоа Владата донесе одлука за стапување на сила на неколку мерки во Тетово, Куманово и Кавадарци, но не и во Скопје иако ситуацијата е алармантна и во главниот град.

Покрај Скопје веќе неколку дена со виолетова боја која покажува висока загадувачка супстанца со највисока концентрација се и Тетово, Куманово, Кавадарци. Поради ваквата состојба стапуваат во сила посебни мерки за овие градови.

Сите лица од Тетово, Кавадарци и Куманово кои се постари од 60 години, како и бремените жени, лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар се ослободуваат од работни обврски поради надминат праг на ПМ10 честичките и зголеменото аерозагадување.