Скопје 20. декември 2020. / 23:13

Масовна раздвиженост на плоштад по затворање на угостителските објекти

Масовна раздвиженост на плоштад по затворање на угостителските објекти

Откако во 18 часот ќе затворат угостителските објекти, граѓаните ги посетуваат трговските центри или пак плоштадите.

Вчера и денеска во центарот на Скопје, сликата е иста. Голем број на граѓани присутни на плоштадот, па речиси дека е и невозможно да се одржува дистанца од најмалку два метри.

Екипата на ТВ21 забележа и полициски службеници кои им пишаа казна на две момчина на возраст од 20-тина години.

Слична сликата денеска беше и во еден голем трговски центар во Скопје.