Итно воведување на сеопфатно сексуално образование, заштита и превенција на семејно и родово базирано насилство од институциите, но и стопирање на двојната виктамизација која постои во повеќе институции побараа денеска активистите за женските права кои попладнево маршираа во Скопје по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март.
Целта на денешното марширање е да ја прослават историската феминистичка борба, но и да потсетат дека патот за родовата еднаквост не е завршен.
-Јас не познавам ниту една жена која не била жртва на некаков вид на родово базирано насилство или возменирување, тоа е нашата реалност. Обвинувањето на жртвата мора да заврши. Оваа година марширавме под слоганот „Ти не си виновна!“, поттикнати од еден од најдовратните случаи на родово базирано насилство во земјава, односно телеграм групата „Јавна соба“, каде стотици девојки и жени беа изложени на родово базирано насилство, а тоа не беше адресирано како такво во јавноста, рече Калија Димитрова од Хелсиншки комитет за човекови права.
Корените на овој проблем, според неа, се во родовите стереотипи, двојната виктамизација, осудувањето на жртвите кое што појасни дека мора да се решава во сите институции, во образованието, но и во семејствата. Таа потсети дека оваа Влада, но и секоја наредна без разлика на идеолошката определба има должност и обврска да се бори за родовата еднаквост во земјава.
Мери Цветковска од ХЕРА на денешниот марш порача дека борбата за правата на жените уште не е завршена, а овој Меѓународен ден за женските права и нивната благосостојба, според неа, ја одбележува историската и сеуште актуелна борба на жените за економска, политичка и социјална рамноправност во општествцото.
Маршот традиционално е организиран од Платформата за родова еднаквост, под мотото „Ти не си виновна!“