Скопје 11. април 2020. / 15:42

Мапа на Скопје за достава на храна намирници и лекови за време на полициски час

Мапа на Скопје за достава на храна намирници и лекови за време на полициски час

Град Скопје информира дека е изработена интерактивна мапа за достава на храна, намирници и лекови за време на полицискиот час на територијата на сите скопски општини.

На мапата, како што соопшти Град Скопје, ќе ги најдете сите дејности што ви стојат на располагање во вашата општина, и во согласност со вашите потреби може да направите онлајн или телефонска нарачка за достава.

– Важно е да се напомене дека оваа мапа постојано ќе се надополнува со нови информации и дејности, додаваат од Градот.