Скопје

„Ловот“ по бесните моторџии продолжува

„Ловот“ по бесните моторџии продолжува

Во текот на изминатата вечер (11/12.06.) во периодот од 19.30 до 1 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје повторно беа преземени мерки и активности по однос на превенцијата и спречувањето на организирање на т.н. диви трки на подрачјето на главниот град, односно во делот на сообраќајниците Партизански oдреди, Митрополит Теодосиј Гологанов и Тодор Александров.

Притоа, во полициска станица е задржан еден мотоцикл заради постоење сомнение дека се вградени одделни системи, составни делови, самостојни технички единици и опрема што се разликуваат од основно вградените издувни системи согласно член 54 од Законот за возила.

Исто така, преземени се вкупно 112 мерки за сторени сообраќајни прекршоци од Законите за безбедност на патниот сообраќај и Законот за возила, од кои 45 се мандатни платни налози и 67 прекршочни платни налози.