Скопје 08. јуни 2020. / 09:47

Љубин и Радишани утре без струја

Љубин и Радишани утре без струја

Без струја утре од девет до 14 часот ќе бидат корисниците од село Љубин и ЕДО ТВ во Општина Сарај, а од девет до 15 часот од ул „30“ во населбата Радишани во Општина Бутел, соопшти денеска Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје.

Прекинот на снабдувањето со струја е поради планирани зафати во електросистемот на град Скопје од страна на енергетската компанија ЕВН Македонија.