Жестоки навреди кон Албанците со голема доза на говор на омраза и барања за нова војна во Македонија ги зовреа страстите во наслеба Бутел.
Мане Манојловски, кумот на градоначалникот на Бутел од редовите на СДСМ, Велимир Смилевски, кој воедно е и вработен во општина Бутел, ги нарече Албанците малоумни употребувајќи навредливи зборови како „качаци“ и побара војна за да додје до како што вели тој финална пресметка помеѓу Албанците и Македонците.
Препукувањата со своите сограѓани Албанци не запреа тука па во навредите кон Албанците се вклучија и други поддржувачи на СДСМ, но и изреволтирани Албанци кои повикаа на протест.
Ваквото однесување на кумот на градоначалникот предизвика голем револт во наслебата па дури и собир пред општинските простории за протест на група Албанци, навредени од изјавите Манојловски.