Скопје 14. април 2018. / 19:57

Kривични пријави за разбојници кои краделе низ Скопје

Kривични пријави за разбојници кои краделе низ Скопје

С.С (51)  добил кривична прија од скопската полиција поради постоење основи на сомневање за сторени две кривични дела „кражба”.

На 4 април на автобуска постојка на улица „Димитрије Чуповски“ пријавениот украл паричник со лични документи, банкарски картички и пари, а од друго лице одзел службена легитимација за физичко обезбедување од агенција за обезбедување.

С.С. бил приведен во полициската станица Центар каде го признал делото, а веднаш потоа одземените предмети им биле вратени на оштетените.

И Т.А. (34) од Скопје добил кривична пријава поради постоење основи на сомневање за извршени три тешки кражби.

Пријавениот од 17 март до 9 април вршел кражби во продавница за текстил на булеварот „11 Октомври“ во Скопје. Во сите три случаи тој со тврд предмет го кршел стаклото од влезната врата, влегувал внатре и одзел парични средства, мобилен телефон, текстилна стока и други предмети. На 9 април при извршување на третото кривично дело, пријавениот бил забележан од полицајци. Во службен разговор, тој ги признал делата. Со потврда за одземени предмети, од пријавениот биле одземени дел од украдените предмети и тие биле вратени на оштетените.