Скопје 21. март 2020. / 11:13

Комуналец низ општините: Се дезинфицира плоштадот Македонија, Камениот мост, булеварите и улиците

Комуналец низ општините: Се дезинфицира плоштадот Македонија, Камениот мост, булеварите и улиците

ЈП Комунална хигиена – Скопје утринава почна акција за машинско миење со автоцистерни на поголемите булевари и улици во скопските општини Чаир, Центар, Кисела Вода, Аеродром и Гази Баба.

Како што информираат пд претпријатието, нивните екипи денеска ќе извршат и дезинфекција на плоштадот Македонија, Камениот мост, улицата Македонија, плоштадот Филип Втори и Старата скопска чаршија.

Во текот на утрешниот ден, ЈП Комунална хигиена-Скопје ќе ги продолжи активностите за машинско миење со автоцистерни во општините Шуто Оризари, Бутел, Ѓорче Петров и Сарај.