Фотографии со паднат коњ на улица, според очевидци, најверојатно веќе мртов, денеска беа објавени на социјалните мрежи. Немилиот настан се случил во населбата Скопје Север.
Ова е трет смртен случај на коњ во Скопје само за еден месец. Пред една недела беше оставен прегладнет и дехидриран на кејот на Вардар.