Скопје 06. јуни 2019. / 17:01

Ќе се рушат летните дискотеки во Скопје

Ќе се рушат летните дискотеки во Скопје

Летните дискотеки кои се наоѓаат во Градскиот парк на Скопје нажалост ќе се уриваат и на нивно место ќе се изгради новиот забавен парк за кој веќе се зборува со месеци, пишува Курир.

Според проектот, паркот ќе биде на површина од 26.000 метри квадратни, односно освен просторот на сегашниот луна парк, ќе се прошири и на местото на летните дискотеките. Поголема површина за новиот забавен парк како што објаснуваат од кабинетот на градоначалникот Шилегов е потребна, бидејќи во него нема да има реквизити само за деца, туку и адреналински содржини за возрасни.

Како што најави Шилегов на презентацијата на проектот, летово ќе започне постапката за проектирање и набавка на реквизитите, што значи на есен ќе се уриваат познатите летни дискотеки (Хавана, Кабрио).

Доста жална вест за љубителите на летниот ноќен живот…