Скопје 22. февруари 2021. / 13:41

Ќе се кандидираме додека не не одберат: Скопје повторно во конкуренција за најзелен европски град!

Ќе се кандидираме додека не не одберат: Скопје повторно во конкуренција за најзелен европски град!

По неуспешниот обид во 2021-ва година, нашиот главен град Скопје и градоначалникот Петре Шилегов повторно се обидуваат да ја освојат титулата за најзелен европски град.

Оваа информација беше споделена од страна на EU Environment на Твитер, а помеѓу градовите кандидати за зелени европски градови, покрај Загреб, Софија и Белград, може да се забележи и кандидатурата на нашиот главен град.