Скопје 20. јануари 2021. / 12:25

Капаци од шахти вчеравечер се украдени од бул. Илинден и 8 Септември

Капаци од шахти вчеравечер се украдени од бул. Илинден и 8 Септември

Во текот на минатата ноќ на булеварите Илинден и 8 Септември и на улица Карпошево Востание украдени се капаци од шахти и решетки од сливници.

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека во најбрз можен рок тие ќе бидат заменети.

Случајот е документиран и пријавен во Полициската станица Карпош.

-Воедно, сакаме да упатиме апел до јавноста и граѓаните да не се крадат капаци и решетки од улиците бидејќи на тој начин се загрозува безбедноста на граѓаните и учесниците во сообраќајот, велат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.